Ако се препознавате себеси во некоја од следните особини или модели на однесување, тоа може да биде една од причините зошто луѓето бегаат од вас и не се чувствуваат најудобно во вашето друштво. Искреност, самодоверба, отворено посочување од манипулации и глупости и интелигенција – сето тоа се квалитети кои многумина ги посакуваат и ако ги имате, добро за вас! Сепак, бидете свесни дека не сите луѓе се подготвени да се релаксираат во вашето друштво. Еве зошто:
Не трпите глупости
Кога луѓето знаат дека нема да се воздржите да ја кажувате вистината и дека нема да прифаќате аргументи и информации завиткани во наполитанки, автоматски се однесуваат поинаку кога се во вашето друштво. Ако сте склони отворено да прогледате низ глупостите што ви се сервираат, луѓето поради тоа ќе ве почитуваат, но и повремено ќе се плашат од вашите реакции. Секој кој игра игри, ја крие вистината, манипулира, врти и ја прикрива реалноста, ќе се чувствува крајно непријатно во вашето друштво.
Брутално сте искрени
Ако сте личност која не ја разубавува реалноста, секогаш кажува што мисли и како мисли – ова може да биде премногу за некои луѓе, бидејќи тие можат да се чувствуваат нападнати.
Искреноста е одлична особина и треба да се негува, иако на некои луѓе може да им биде тешко кога само ќе им кажете „се е како што е“. Честопати ваквата брутална искреност доаѓа како постојана критика.
За луѓето кои се навикнати да го слушаат само она што сакаат да го слушнат, вашата искреност е премногу страшна и откривачка.
Целосна автономија и независност
Немате потреба да се потпирате на другите ниту пак ви треба нешто од нив. За некои луѓе, ова може да биде застрашувачки квалитет, бидејќи чувствуваат дека немаат што да ви понудат. Луѓето околу вас претпоставуваат дека не ви е потребна нивната помош и поддршка, бидејќи сте способни и самодоволни, но во исто време се чувствуваат како излишни и непотребни во вашиот живот.
Кога сте самодоволни и независни, секогаш ќе наидете на луѓе кои ќе бидат одбиени и исплашени од овие квалитети, но ќе ги привлечете оние типови кои се способни и независни како вас – нема да ги исплашите!
Интелигентни сте и полни со знаење
Доколку сте снаодливи, имате брз и остар ум и лесно стекнувате и применувате ново знаење, бидете сигурни дека многу луѓе ќе се плашат да бидат блиску до вас. Зошто? Затоа што се чувствуваат инфериорно во вашето друштво. Може да забележите дека некои луѓе околу вас се многу претпазливи – причината за тоа може да биде нивниот страв дека ќе изгледаат помалку образовани и интелигентни во споредба со вас. Може да забележите и дека некои луѓе во вашето општество користат многу странски зборови и изрази или се однесуваат поинаку. Тоа е главно затоа што тие не чувствуваат дека не можат да бидат автентични во вашето друштво, бидејќи вашето знаење го толкуваат како супериорност, па автоматски заземаат одбранбена позиција.