Неколку навики можат да ви го продолжат животот за цели 24 години

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Сега повеќе од кога било е јасно дека животот е под силно влијание на изборот на животниот стил, како што се исхраната и вежбањето, но една неодамнешна студија покажа дека одредени навики можат да го продолжат животот за повеќе од 20 години.
Истражувањето, претставено минатиот месец на годишниот состанок на Американското здружение за исхрана, покажа дека практикувањето осум здрави навики на 40-годишна возраст е поврзано со дополнителни 24 години живот за мажите.
Жените имаа слични придобивки од воведувањето на оваа практика во нивните животи на 40-годишна возраст, со дополнителни 21 година од животот.
– Навистина бевме изненадени од тоа колку може да се добие со усвојување на еден, два, три или на сите осум фактори на животниот стил. Колку порано, толку подобро, но дури и ако направите мала промена на 40, 50 или 60 години, сепак тоа е корисно, вели Џуан-Мај Нгуен, водечки автор на студијата и специјалист за здравствени науки во Одделот за ветерани во соопштение за медиумите.

Осумте навики, наведени по редослед на најголемо влијание врз животниот век, се:

– Вежбање;
– Никаква зависност од опијати;
– Избегнување цигари;
– Управување со различни нивоа на стрес;
– Здрава исхрана;
– Избегнување алкохол;
– Давање приоритет на добар сон;

– Одржување позитивни социјални односи.

Дури и додавањето на само една од навиките во рутината се чини дека додава 4,5 и 3,5 години живот за мажите и жените. Практикувањето на само две навики додаде уште седум години живот на мажите и осум години на жените.

Истражувањето го проучуваше изборот на животниот стил на повеќе од 700.000 американски воени ветерани на возраст од 40 до 99 години, кои се учесници во повеќегодишното истражување.

Недостигот на физичка активност, употребата на опијати и пушењето имаа најголемо влијание врз очекуваниот животен век со 30 до 45 отсто зголемен ризик од смрт, покажа студијата.
– Стресот, пиењето, лошата исхрана и лошиот сон беа поврзани со зголемен ризик од смрт за околу 20 отсто, а недостигот на позитивни социјални односи беше поврзан со 5 отсто зголемен ризик од смрт – се вели во соопштението.
Студијата заклучи дека никогаш не е доцна да се усвои здрав начин на живот.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...