Неколку навики кои ги правиме секојдневно а го уништуваат нашиот сексуален живот

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

За многу парови, монотонијата во спалната соба одзема многу време. Стресот и недостатокот на слободно време се само некои од причините што придонесуваат за сето ова. Сепак, она на што секако може да влијаете се вашите животни навики.

На телефонот не му е место во креветот

Се прашувате, каква врска има вашиот мобилен телефон со нередовниот секс или целосната апстиненција од него? Ако постојано ги следите вестите или настаните на социјалните мрежи, заборавате дека не сте сами во креветот, а сето тоа го слабее и вашето либидо. Логично, нели?

Ги сокривате вашите вистински желби

Комуникацијата е клучот за успешниот и исполнителен однос со партнерот. Ако не зборувате или ви е тешко да зборувате отворено за тоа што сакате, ако чувствувате притисок, па мора да скриете некоја од вашите желби или молчите и правите нешто што не ви одговара – сето тоа може да го убие вашето долгорочно уживање во креветот. Во некои случаи дури е препорачливо да се консултирате со сексуален терапевт.

Постојано одлагање

Често се случува да бидете уморни и под стрес од работата, па од тие причини го прескокнувате и опуштениот „добар ноќен секс“. Но, треба да ги земете предвид и потребите на вашиот партнер и да не го прескокнувате она што може да донесе релаксација и задоволство.

Не расправајте се во кревет

Можете ли да ги замислите сите тие „жешки“ моменти на истото место, на кое само што разговаравте за финансиските проблеми? Никој не го сака тоа.

Ја прескокнувате предиграта

За жените, предиграта е важна, па затоа е значајно и мажите да се посветат на неа. Задоволството е многу поголемо ако се исполнети меѓусебните очекувања и потреби.

Премногу порнографија

Порнографијата не ви го нарушува сексуалниот живот ако е во умерени и избрани моменти или ако уживате во неа и двајцата. Меѓутоа, ако се „дружите“ пред вашиот компјутер 3 до 5 пати неделно, тоа може да ви донесе проблеми што не ги посакувате.

Лошата хигиена

Жените се почувствителни на мириси отколку мажите, а лошиот здив може да ја уништи страсната ноќ. Валканата постелнина, исто така, може да придонесе за тоа.

Телевизорот во спалната соба е лоша навика

Ако сте навикнати да гледате филмови со вашата подобра половина од креветот, тоа може да биде позитивна навика, но проблемот е ако сте премногу фокусирани само на филмови.

Кога спалната соба е и ваш работен простор

Однесувајте се кон вашата спална соба и креветот како кон свето место за одмор и задоволство.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...