Невреме во Гостивар: Поплавени домови и проблеми во сообраќајот

Date:

Невремето со пороен дожд и град во Гостивар, кое траеше околу 40 минути, предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови.

„Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар во село Беловиште, општина Гостивар, на главниот селски пат има излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носи кал и гранки. Вода се уште надоаѓа, а во понискиот дел од селото водата се задржува и оди во дворовите и куќите“,

соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

„На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Жителите работат на отстранување на наносите од земја и дрвја“,

додаваат од ЦУК.

Најмногу пријави за штети се стигнати од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.

„Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП ‘Комуналец’ од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на претпријатието ќе продолжат во санација на штета во селото Беловиште“,

информираат од ЦУК.

Од ЈКП „Комуналец“ од Гостивар со два багери и една пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со две противпожарни возила во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градската болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализацијата и испумпана е водата.

За настанатата состојба од ЦУК велат дека се известени сите субјекти на локално ниво за да превземат мерки што се во нивна надлежност се со цел да се санираат последиците од поплавата.

Силен дожд со град го зафати и Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација.

Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...