Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје.

При првиот налет на невремето паднаа и дрвја, од кои едно врз автомобил во движење, информираат од Центарот за управување со кризи.

Невремето кое го зафати Скопје предизвика хаос во главниот град, но и ги уплаши скопјани поради, како што велат, силниот звук предизвикан од електричните празнења.

Паднати дрвја, искршени автомобили и поплавени подвозници, се резултатот на невремето кое дојде во Скопје како „гром од ведро небо“.

Освен врз паркирани автомобили, дрво падна и врз автомобил во движење, но за среќа го поткачи само неговиот заден дел.