поред податоците од Агенцијата за вработување, во јуни имало 101.510 невработени што секој месец се пријавуваат и се регистрираат како активни баратели на работа. Дополнително, има уште 46.201 таканаречени пасивни невработени.
Бројот на невработени што активно бараат работа, што значи дека секој месец се пријавуваат во Агенцијата за вработување, во јуни бил 101.510. Бројката во континуитет се намалува од почетокот на годината кога биле евидентирани 105.803 невработени.
Во однос на пред една година, пак, бројот на активни баратели се намалил за 5.539. Во Агенцијата се пријавуваат и таканаречени пасивни баратели на работа, кои не се обврзани да се пријавуваат секој месец. Обично, тие или не веруваат дека Агенцијата за вработување ќе им најде работа, или не сакаат да работат, но ќе се пријавуваат за да остварат здравствено осигурување, или некои други права. Во јунската евиденција имало 46.201 таков невработен.
Наспроти повеќе од 100.000 невработени што тврдат дека бараат работа, сите работодавачи постојано повторуваат дека им требаат работници. Вчера, во Агенцијата за вработување беа евидентирани 6.976 слободни работни места. Простата математика би кажала дека за секое слободно работно место има по 14 невработени.