Невладини организации најавуваат протест за одбрана на Кожуф

Date:

Активисти на Млади за Македонија, заедно со невладините организации Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, Аква Фортис, здруженија и активисти од Тиквешијата, од Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија за в сабота, 16 септември најавуваат протест против изградбата на малата хидроцентрала на реката Дошница на планината Кожуф. Протестот ќе почне во 11,55 часот на излетничкото место Смрдлива Вода, планина Кожуф.



Според активистите на овие невладини организации, малата хидроцентрала на Дошница ќе го уништи биодиверзитетот и ќе предизвика големи промени врз целиот екосистем на Кожуф. Дошница е последната река во Македонија од која водата се пие и која тече во нечепната природа со богат биодиверзитет.

За протестот ќе биде обезбедено организиран превоз од Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, а активистите од другите градови ќе може да дојдат до Гевгелија, каде ќе бидат пренесени до локацијата, најавуваат организаторите.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...