Американскиот актер Бред Пит (60) и шпанската филмска ѕвезда Пенелопе Круз (49) снимија кампања за луксузната модна куќа „Шанел“.
Тие снимија краток црно-бел филм, во кој се појавуваат како вљубен пар, и рекреираа сцени од филмот „Маж и жена“ („Un homme et une femme“. Ова видео му оддава почит на француското одморалиште Довил, местото каде што Коко Шанел ја отвори првата продавница на брендот.
„Снимањето за ‘Шанел’ траеше два дена и одлично се забавувавме. Јас одлично се забавував“, изјави Круз за „Вог“.
Ревијата на „Шанел“, во рамки на Модната недела во Париз, беше отворена со овој црно-бел филм.
Краткометражното парче воодушеви многумина, дотаму што голем број нивни обожаватели изразија желба дека сакаат да гледаат филм со Пит и Круз во главните улоги.
„Ова е одлично! Треба да снимите уште нешто“, „Предобро – и двајцата изгледаат прекрасно“, „Навистина треба да снимат филм во иднина, нивната хемија е одлична“, гласат дел од коментарите.