Челниците на НБА лигата подготвуваат акција со која ќе отворат истрага против Џоел Ембид.
Ѕвездата на Филаделфија 76ерс ја скокна првата средба во сезоната за својот тим. Објаснувањето на клубот е дека Ембид не е доволно подготвен по повредата на левото колено, а најавено е дека нема да игра ниту против Торонто и Индијана.
Според американските медиуми, во Филаделфија нема да ризикуваат премногу во регуларниот дел со Ембид кој лесно се повредува. Реакциите за оваа одлука се гласни, навивачите се жалат, а се очекува и реакција од страна на лигата.
Како и во секој друг случај на неоснован одмор на главните ѕвезди во НБА, челниците ќе започнат истрага и ќе донесат своја одлука за ситуацијата.