[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]
Со натпреварот меѓу Будуќност и Мега в петок ќе почне разврската за титулата во АБА лигата, соопшти денеска регионалното кошаркарско натпреварување.
Дуелот во Подгорица е закажан со почеток во 18 часот, а два часа подоцна во одбрана на титулата ќе тргнат кошаркарите на Црвена ѕвезда против Задар.
Првиот натпревар од четвртфиналето во плејофот меѓу Цедевита Олимпија и ФМП ќе се игра в сабота, додека датумите за четвртфиналните пресметки меѓу Партизан и Студентски центар, како што е соопштено, ќе бидат објавени веднаш по завршувањето на четвртфиналната серија на „црно – белите‘ против Реал Мадрид во Евролигата.
Четвртфиналето во АБА лигата се игра во две победи.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]