Проблеми во Реал Мадрид пред важни натпревари. Тибо Куртоа и Едер Милитао долго време се надвор од кругот на играчи на кои Карло Анчелоти може да смета, повредени се и Арда Ѓулер и Дани Себаљос, а вчера, пет дена пред Ел Класико и вечерта пред натпреварот од Лигата на шампионите против Брага, се повреди и Камавинга.
20-годишниот играч за врска на Реал го започна, но и предвреме го заврши тренингот на тимот во Португалија, каде вечерва од 21 часот Реал против Брага ќе го одигра натпреварот од 3. коло од групата Ц од Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми пишуваат дека до соблекувалната го придружувале двајца членови на лекарскиот тим. Камавинга се држеше за десната нога.
Предвреме тренингот го заврши и Чоамени, но во неговиот случај нема паника за сериозна повреда.
Останува под знак прашалник кој ќе користи тренерот на тимот доколку се покаже дека повредата на Камавинга е таква што ќе мора да паузира извесно време.