На снимка од кобната ноќ, се слуша како братот на момчето на Панетиер очајнички се обидува да ѝ го спаси животот

Date:

На аудиоснимката од повикот на 911, може да е слушне како минувале последните минути од животот на Хајден Панетиер. Актерката позната по улогите во сериите „Нешвил“ и „Херои“ почина на 16 август на 36-годишна возраст, откако беше пронајдена без знаци на живот во изнајмен стан во Гринвил, Јужна Каролина, пишува „Пипл“.

Според снимките до кои дојдоа американските медиуми, Зак Хикерсон, братот на нејзиното момче Брајан Хикерсон, во паника барал насоки од операторот како да изврши реанимација.

„О Боже, о мој Боже, треба ли да правам вештачко дишење или нешто слично?“, се слуша како прашува Зак во снимката од повикот.

Зак му објаснил на операторот дека штотуку се вратил од црква кога сфатил што се случува. Кога операторот го прашал дали таа дише, тој одговорил: „Не, мислам дека не“, по што веднаш добил инструкции како да започне со масажа на срцето и реанимација, која ја правел сè додека не пристигнала брзата помош и не ја преземала интервенцијата.

Неколку недели по трагедијата, Канцеларијата на коронерот соопшти дека смртта на актерката настапила како последица на токсичното дејство на неколку супстанции, вклучувајќи фентанил и други лекови, а случајот официјално е прогласен за несреќен случај.

Полицијата и федералните агенции во рамките на истрагата извршија претреси и пронајдоа лекови на местото на настанот, но ниту еден од браќата Хикерсон не се соочува со кривични пријави во врска со нејзината смрт.

Хајден Панетиер зад себе остави 11-годишна ќерка, Каја, чиешто целосно старателство актерката му го довери на нејзиниот поранешен вереник Владимир Кличко во 2518 година, додека таа се соочувала со борбата против зависноста и постпородилната депресија, за што отворено зборуваше во јавноста пред нејзината прерана смрт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Голема победа за Еурофарм Пелистер над Гумерсбах

Ракометарите на македонскиот претставник Е.Пелистер ја постигнаа првата победа...

Џеј Опетаја се откажа од борбата со Дионтеј Вајлдер

Џеј Опетаја нема да се соочи со Дионтеј Вајлдер...

Мелбурн и се извини на македонската заедница поради забраната на знамето од Кутлеш

Извинување доби македонската заедница од градските власти на австралискиот...