На Скопје му требаат дваесетина години да стигне до почист воздух

Date:

Швајцарската компанија IQAir, која ја прави листата со најзагадени поголеми градови во светот, пред еден месец беше обвинета од градоначалничката Данела Арсовска дека шири лажни вести за аерозагаденоста во Скопје. Пред неа, фирмата добила оспорување на резултатите само од градоначалник во Романија. Компанијата регистрирала низ светот нелегални горења навечер.

„Неразбрлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје“, напиша Арсовска во соопштение испратено во медиумите на 20.12.2023. Отидовме во швајцарскиот град Арбон за да разговараме со сопственикот на компанијата, која ја прави оваа листа, за тоа како се создава оваа листа и каков е квалитетот на воздухот во Скопје?

Мерливите податоци тие ги добивааат од сензори на терен, а таму каде што ги нема користат моделни податоци добиени од сателитски снимки. Податоците за Скопје се собираат од 2017 година.

„Мислам дека Скопје стартуваше од лоша точка во однос на квалитетот на воздухот. Стана подобро со текот на времето. Мислам дека има надеж. Секоја година станува за еден до два микрограми подобро. Има мал напредок што доаѓа. Мислам дека тоа покажува дека има мал напредок, но сѐ уште мислам дека ако одиме само вака бавно ќе требаат десет или дваесет години за да се постигне квалитет на воздухот, којшто е поприфатлив“, вели Франк Хамес, извршен директор на IQAir.

Експертот за аерозагадување вели дека листата на најзагадени градови ја прават врз основа на 30.000 извори на податоци низ светот, кои доаѓаат од владини мерни станици, од други институции или приватни лица. „Така сега имаме колекција на податоци, која доаѓа во реално време и може да ни даде добра слика за светот во смисла на квалитет на воздух“, вели Хамес. Од тоа мноштво на податоци прави паралела меѓу Скопје и Лос Анџелес.

„Што тие ни покажуваат за Скопје е дека тоа е очигледно средина со предизвици. Имате планини наоколу и во основа имате форма на тенџере. Тоа е многу слично со Лос Анџелес во овој поглед, навистина, затоа што загадувањето е заробено таму. Вие очигледно имате бројни индустрии таму, кои придонесуваат. Имате сообраќај, кој може да биде густ. Потоа во зима имате одвивање на многу приватни греења, кои ја прават ситуацијата полоша“, посочува директорот на IQAir и додава: „Во зима има инверзивен слој, кој го задржува целото загадување долу. Добар пример за тоа е Скопје и други големи градови на Балканот“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...