НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СЛЕТА ПРВИОТ ЧАРТЕР СО 180 ТУРИСТИ ОД ГЕРМАНИЈА

Date:

Денеска на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слета првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со туристи од Германија. Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори, во соработка со Владата, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни и од октомври до декември.

Како што рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски, преку оваа програма за дојдовен туризам годишно се очекуваат 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.

„Најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија преку новиот чартер лет од Германија, До крајот на годината очекуваме преку 35.000 гости. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надовор од главната туристичка сезона. Македoнија првпат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона“, рече Николоски на прес-конференцијата по повод слетувањето на првиот чартер.

Се очекува да има летови од германските градови Франкфурт, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Берлин, Минхен, Штутгарт и Лајпциг, како и од Париз, Лион и Марсеј. Турите ги организира германската компанија „РСД“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Солидарност со Македонија – Перт обоен во боите на македонското знаме

Со цел оддавање на почит на загинатите млади луѓе...

Подобрена состојбата на еден пациент повреден во пожарот во Кочани примен на ВМА

Кај еден пациент повреден во пожарот во Кочани кој...