На премиерата на „Мадам Веб“, Дакота Џонсон во проѕирен фустан од сребрени ланчиња

Date:

Дакота Џонсон е ѕвездата на новиот филм „Мадам Веб“ (Madame Web), кој штотуку почна со киноприкажувањата во светот. 

Но, американската глумица на премиерата во Лос Анџелес го привлече вниманието и со својот проѕирен мрежест фустан исплетен од сребрени ланчиња.

Дизајнот е дело на „Гучи“ и јасно ја отсликува темата на филмот, во којшто Џонсон ја глуми главната и насловна улога. Стилистката на Дакота, Кејт Јанг, се погрижи светкавиот фустан „да го украде вниманието“, спојувајќи го со долна облека во боја на човекова кожа… Сѐ тоа е дополнето со ѓердан со овален дијамант што „би го балансирал“ длабокото деколте на фустанот и минималната шминка.

Ѕвездата од „Педесет нијанси сиво“ не беше единствена со мрежеста комбинација на настанот. Нејзината колешка од новиот филм, Сиднеј Свини се одлучи за полупроѕирната „мрежа“ – дизајн на Оскар де ла Рента.

Научнофантастичниот трилер „Мадам Веб“ раскажува за девојка по име Кеси Веб, која открива дека има моќ да ја види иднината благодарение на инцидентот со мистичен пајак кој ја каснал нејзината мајка додека била бремена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...