На Навални му се закануваат уште 30 години затвор

Date:

Затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјави дека против него се води истрага за обвиненија за тероризам и може да биде осуден на нови 30 години затвор.

„Тие упатија апсурдни обвинувања дека ми се заканува 30 години затвор… дека јас, додека сум во затвор, извршувам терористички дејства“, коментарите на Навални на „Твитер“ ги објавија неговите соработници, пренесе „Ројтерс“.

Овој месец руските истражители официјално ги поврзаа поддржувачите на Навални со убиството на Владлен Татарски, популарен воен блогер и поддржувач на руската инвазија на Украина, кој беше убиен со бомба во Санкт Петербург.

Поддржувачите на Навални негираа каква било поврзаност со убиството.

Руските истражители денеска објавија дека 11 лица се ставени на меѓународна потерница за случајот поврзан со Навални, пренесе ТАСС.

Навални веќе издржува вкупна затворска казна од 11 и пол години под обвинение за наводна измама и непочитување на судот, потсетува британската агенција.

Врз основа на наодите на западните лаборатории, Навални беше отруен со нервен агенс во Сибир во август 2020 година, а беше уапсен следната година по враќањето од Германија, каде што се лекуваше од труење.

Кремљ негира дека се обидел да го отруе Навални.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...