На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за Итна помош за да се исполни законскиот минимум

Date:

Не само што е преоптоварена, туку прашање е дали итната медицинска помош може секаде да интервенира, на Македонија и се потребни 52 екипи за Брза помош за да ја исполни законската регулатива според истражувањето на невладините организации.

Со тоа се поставува прашањето дали се прекршува правото на граѓантие за итна помош? Во изминативе 8 години, наместо да се зголемува, бројот на екипи се намалил за 22, вели Герман Филков од ЦГК. Според него најголемо оптоварување има во Скопје, град кој преку работна година е блиску до 1 милион жители, а каде недостасуваат најмалку 18 екипи за брза помош.

-Во Скопје, тимот на медицинска помош има близу 150.000 повици годишно во текот на годината, а само итната медицинска помош има околу 25.000 интервенции, оптовареноста на екипите е различна од град во град, а некаде една екипа, на медицинска помош опслужува 1.000 жители, а во поголемите градови 40.000 жители зависат од еден тим. Скопје има 45 тимови вкупно, нормално распоредени во смени, тимови кои што седат во службата, ова не се сите тимови кои што одат на терен, а според уредбата што ја има донесено МЗ, Скопје треба да има 63 екипи.

Од итната медицинска помош во Скопје потврдуваат дека недостасуваат екипи, а проблемот пред се го лоцираат во комплицираниот закон за вработување на нов кадар и непотребните административни процедури, што и самиот министер Бесими кажа дека ќе бидат олеснети. Велат дека одливот на кадар е генерлано поради пензионирање и заминување на вработените, а главоболки во интервенцијата им создава густиот собраќај, а проблем се и клиниките кои предолго им ги задржуваат екипите.

-Тоа е секојдневие во Градот Скопје и тука добар дел од екипите да кажеме знаат да заглават во сообраќајот, дури имаше и едно видео каде што комбе на брза помош мораше на тротоар да се качи за да ја надмине колоната од коли./ Во повеќе наврати, ја знаеме гужвата и метежот што настанува на паркингот во клинички центар, некогаш на екипата при оставање на пациент и е потребно дури 1 час за да излезе од клинички центар, а некогаш од страна на одредени клиники се случува екипата да ни биде задржана и повеќе од 2-3 часа.- Милица Бубало – Раководител на итна медицинска помош во Скопје.

Според истражувањето, покрај Скопје, најлошо стојат Струмица и Тетово, каде еден тим треба да покрие околу 40.000 жители дневно, па потоа е Куманово со 30.000. Вевчани, Пехчево и Ростуше се најдобро покриени, кои како жители на помали центри добиваат покриеност од една екипа на 1.000 жители.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...