На ден пред двојните избори гласаа болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Date:

Своето право на глас први го остварија болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата.

Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или гласаат 11.225 болни и немоќни лица.

Освен изнемоштените и затворениците, своето право на глас го остваруваа и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе поради недоволен број пријавени.

На овие парламентарни избори поднесени се 17 кандидатски листи, за парламентарните избори од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. На изборите учествуваат 61 партија. Од нив, 11 самостојно, а 50 во пет коалиции.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, генерално поради граѓани кои стекнуваат полнолетство. Во посебните изводи од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се запишани 2.569 избирачи, а во затворите или во притвор 2.147 избирачи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Алкалоид замолкна 9.000 Грци и дома ќе игра за титула во ЕХФ Купот!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид направи голем подвиг и забележа џиновска...

Моќната Оклахома ја доби „мајсторката“ со Денвер и закажа западно финале со Минесота

Кошаркарите на Денвер Нагетс се елиминирани од плеј-офот на НБА лигата. Тие се сопрени...

Натали Портман објасни зошто сака да живее во Париз, а не во САД

Натали Портман станува реална во врска со нејзиното преселување...

Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ?

Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ...