На Груевски му останаа само 10% од досудениот затвор

Date:

Од 26-те години затвор што му беа изречени на поранешниот премиер Никола Груевски, тој во моментов треба да одлежи само 3 и пол години поради две правосилни пресуди. Осумте обвиненија против него и покрај застарувањето или повлекувањето на некои од нив, нема целосно да го спасат од затвор. Тоа е затоа што нема да застарат обвинувањата за случајот „Титаник“ и „Организатори на 27 април“. Груевски спасот од нив го бара преку аболиција. Во својство на премиер во случајот „Титаник“ е обвинет за создавање организирана група која вршела изборни злоупотреби и нерегуларности. Во ова обвинение, иако нема пресуда за него, останатите обвинети ја признаа вината и беа осудени на полесни мерки. За да избегне затвор од овој случај, Груевски преку адвокат побара враќање на аболицијата од Ѓорге Иванов, но Врховниот суд тоа не го прифати.

Во случајот „Талир 2“, каде Груевски е обвинет за финансирање на политичката партија од сомнителни финансиски извори, судот го прогласи за виновен и го осуди на 6 години затвор, но предметот е во жалбена постапка и може да го исполни условот апсолутна застареност благодарение на неодамнешните измени во Кривичниот законик. Истата судбина се очекува и за случајот „Парцели на Водно“ каде Груевски е осуден на 7 години затвор.

Од случајот „ТНТ“ за кој е осуден на 9 години затвор, тој се спаси благодарение на апсолутна застареност на делото, додека за случајот „Траекторија“ благодарение на неспроведување на одлуката и измените во Кривичниот законик и покрај штетата врз државниот буџет од 155 милиони евра.

Осуден во отсуство за случајот „Тенк“, односно луксузниот мерцедес и обвинението за насилство во општина Центар со 3 и пол години затвор, Груевски по една година ќе биде целосно ослободен и од овие обвиненија.

Во моментов, казни против него поради кои би можел да биде уапсен во странство се за Тенк и за насилството во општина Центар, но по застарувањето и во случај Груевски да даде правни гаранции за аболицијата и случајот „Титаник“, се отвора патот за негово враќање во Скопје како херој.

Владата која гарантираше дека тој е одговорен и оти мора да го врати незаконски стекнатиот имот, по цели 7 години успеа да конфискува два стана и еден друг имот кој Владата ќе ги стави на продажба, иако се верува дека неговиот имот може да биде стопати поголем. Од јавните обраќања од Будимпешта Груевски неколку пати најави дека не планира да се врати во Македонија сè додека, како што рече, трае политичкиот прогон кон него.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...