Во акцијата на албанската полиција е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г. кој го управувал возилото, марка „фолксваген“ во која била сокриена дрогата, поделена во повеќе пакувања
На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, екипи на албанскат полиција спречиле шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.
Како што информираат од албанската полиција во соопштение објавено на нејзиниот фејсбук-профил, станува збор за финализација на оперативна акција „Рестарт 17“, што нејзини тимови на во координација со тамошното обвинителство ја спроведувале пет месеци.
Во акцијата е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г. кој го управувал возилото, марка „фолксваген“ во која била сокриена дрогата, поделена во повеќе пакувања.
Како доказен материјал, покрај марихуаната и возилото, полицијата запленила и два мобилни телефони.
Истрагата, се додава во соопштението, продолжува и понатаму за целосно документирање на случајот и откривање на евентуално други инволвирани лица во оваа криминална активност.
Материјалите од досегашната истрага со доказите се предадени на тамошното обвинителство.