На голф-терен во Австралија се појавиле шест ајкули

Date:

На поле за голф во Австралија мистериозно се појавија шест ајкули. И, тоа 10 години по повторното отворање на голф-клубот „Карбрук“, откако 17 години бил затворен, меѓу другото, и поради овие „гости“, објави „Си-ен-ен“.

Слатководното езеро близу голф-теренот, на околу 14 километри од Тихиот Океан е пример дека тн. бикова ајкула може да преживее секаде. Иако потекнуваат од топлите и тропските солени води, овие ајкули имаат органи прилагодени да ја задржуваат ним потребната сол, што им овозможува да навлезат и во слатководни средини, што би се покажало смртоносно за другите видови ајкули.

– Се раскажува дека ајкулите се агресивни кога ќе дојдат во допир со луѓето. Но, кога ќе ги доживеете во толку непосредна близина и ќе сфатите колку се убави и грациозни, тогаш едноставно само им се воодушевувате, изјави управителот на клубот, Скот Вагстаф.

Теренот лани бил потопен во најлошата поплава кога било забележана во оваа област, а Вагстаф всушност посакува поплавата да ги зголеми надежите дека ајкулите би се вратиле во езерото во близина. Само времето ќе покаже дали има можности за тоа, но „Карбрук“ размислува и за опстојување без својата „маскота“, т.е. разгледува можности езерото да се исуши заради нов голф-терен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...