На Галичица 2000 дивоградби, но ќе се уриваат не повеќе од 30

Date:

Врие од дивоградби во Националниот парк Галичица, кај Охрид. Секој си градел, каде сака, дури и на државно земјиште. Податоците се дека станува збор за повеќе од 2000 дивоградби создавани низ години,а кои сега чекаат на легализација. Барања за легализација има за објекти во кои живее локално население, шест за верски објекти, а 11 за хотели и автокампови. Сега од паркот со помош на дрон ќе ги мапираат сите нелегално изградени објекти.

„Она што јавната установа во повеќе наврати го има доставено како податок е бесправено изградени објекти, кои заради вредноста на природата би требало да се приоритет за рушење. Триесет и три се мислам“.рече Андон Бојаџи-Национален парк Галичица.

И покрај тоа што знаат, кој и каде гради,велат дека тие можат само да ги пријавуваат до инспекциските служби, обинителството и државното правобрабителство, кои ги обвинуваат за неажурност.

„И сите и од правобранителот и од градежната инспекција и од обвинителот, најчестиот одговор кој го добиваме е дека има претходна постапка,односно почнала постапка за легализација на објектот.Знаеме кои се недостатоците на законот за постапување на бесправно изградени објекти.Знаеме дека има бројчиња, кај некого во џеб“, додаде Андон Бојаџи-Национален парк Галичица.

Некотролираната урбанизација во Охрудскиот регион е една од главните забелешки и на УНЕСКО.

„ Kога се ќе се инкорпорира, и како што стои во Планот, откако се ќе се провери, што е можно, а што не е можно, третата фаза пристапуваме кон рушење, на она што дефинитивно ќе остане како дивоградба. Не сум убеден дека станува збор за повеќе од дваесет-триесет дивоградби такви“, нагласи Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
Она што како дивоградба се наоѓа во заштитениот појас на Охридското крајбрежје неможе и нема да се легализира вели Пецаков.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...