„Бугарија постојано и јасно го кажува својот став дека договорите мора да се реализираат. Потсетувам дека Македонија е земја членка на НАТО, од што произлегуваат соодветни обврски и одговорности“, вели бугарскиот претседател во контекст на вчерашната инаугурација на новата претседателка Силјановска-Давкова и завршувањето на изборната кампања
Република Бугарија не прифаќа изјави и однесување што се во спротивност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, како и други меѓународни договори кои Република Македонија ги има потпишано, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Изјавата на бугарскиот претседател е дадена во контекст на завршувањето на изборна кампања во државата, но и како реакција на вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, која давајќи свечена изјава во Собранието, наместо уставното име користеше само Македонија.