Најчевска: Европското знаменце често се злоупотребува

Date:

Од 166 поднесени предлози во Македонскиот парламент во 2023 година, само 23 се во редовна постапка.

Злоупотребата на европското знаменце во Македонија е непосредно поврзана со скратената постапка за донесување на законите надвор од редовните демократски процедури, проблем на кој укажува Комисијата на ЕУ во извештаите за напредокот на земјава. Професорката Мирјана Најчевска денеска остро критикуваше што со Европско знаменце беа донесени и Законите од пакетот Бехтел и Енка и Кривичниот законик затоа што не ги исполнувале формалните критериуми, а тоа значи дека била злоупотребена постапката.

Претседателот на собранието има обврска да го стопира предлог законот доколку забележи дека истиот не ги исполнува условите за да биде изгласан преку скратена постапка со европско знаменце. Допуштањето на употребата на европското знаменце за несоодветни закони и носењето на законици по скратена постапка, за Собранието значи откажување од дел од контролната функција која треба да ја има врз Владата, нагласува професорката Бојана Наумовска од Институтот за социолошки и политички правни истражувања. 

Најголем подносител на закони со европско знаменце и по скратена постапка, според анализата на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања било Министерството за финансии. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...