Професорката Мирјана Најчевска со свој став на социјалните мрежи во врска со внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

„Според мене, внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е гаранција дека ќе почнат преговорите со ЕУ, но и гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија“, пишува Најчевска во својата објава.
Тоа, како што вели, е гаранција дека Македонија ќе биде ставена во подредена положба во сите натамошни преговори со Бугарија.
„Не е гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ. Мора да седнеме и да побараме опција која ќе нè задржи на европскиот пат, но нема да нè стави во подредена положба во однос на Бугарија. За вакво нешто треба да се формираат работни групи, а не за меѓусебно убедување и надмудрување“, пишува професорката.