Најубавите стихови на Македонски јазик ја осветлија Македонија

Date:

Стихови на Григор Прличев и Блаже Конески; извадоци од Марко Цепенков, Крсте Петков Мисирков и Константин Миладинов; поезија на Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов; цитати од делата на Ацо Шопов, Видое Подгорец, Лазо Каровски; модерниот израз на Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова- сите овие вечни мисли створени на македонски јазик синоќа ја осветлија Македонија за 5-ти мај, Денот на Македонскиот јазик.

-Цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно се испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државата. Една приказна поврзува повеќе генерации дејци и писатели преку чии мисли и стихови се гради слика на македонската историја, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Славеничките пораки за денот на Јазикот ги осветлија Собранието, тврдините на Кале и во Охрид, Офицерскиот дом во Битола, црквата Свети Никола во Крушево, велешката Костурница, гимназијата Јане Сандански во Струмица и Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово.

На нив беа проектирани стиховите и мислите:

„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина “,

„Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“,

„Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“,

„Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората “,

„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме! “,

„Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“,

„Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“,

„За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...