Најновите истражувања покажаа, омилената музика помага полесно да поднесеме физичка болка

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Нашата омилена музика може да ни помогне подобро да се справиме со физичката болка, открија канадски истражувачи. Истражување покажа дека музиката може да биде начин да се намали перцепцијата на болка кај луѓето без опијати. Оваа намалена чувствителност на болка, позната и како хипоалгезија, може да се појави кога стимулите за болка се нарушени помеѓу точката на нивното внесување и местото каде што свесниот ум ги препознава како болка.

Во новата студија истражувачите од Универзитетот во Монтреал, Канада, испитуваа каков тип музика помага да се намали перцепцијата на болката.

– Во нашата студија покажавме дека омилената музика, избрана од учесниците во студијата, има многу поголем ефект врз намалувањето на акутната термална болка отколку непознатата, релаксирачка музика. Откривме и дека емоционалните одговори играат многу силна улога во предвидувањето дали музиката ќе влијае врз болката – објаснува Дариус Валевисиус, докторанд на Универзитетот во Монтреал.

За да се тестира кој тип музика е најефикасна во намалувањето на болката, учесниците слушале различни мелодии додека биле изложени на термичка стимулација на внатрешната подлактница, што резултирало во чувство слично на топла шолја чај држена на кожата. Било заклучено дека слушањето на омилената музика силно го намалува интензитетот на болката и чувството на непријатност кај учесниците, додека непознатите мелодии го немале тој ефект.

Сепак, истражувачите ги истакнаа ограничувањата на нивната студија, од кои едно се однесува на тоа колку долго учесниците ги слушале музичките примероци. На пример, продолженото слушање релаксирачка музика може да има посилни ефекти од пократките песни. Прашањата кои, исто така, треба да се решат со понатамошни истражувања се дали слушањето омилена музика е ефикасно со други, нетермички стимули за болка, како што се механичка стимулација или хронична болка, велат истражувачите.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...