Најмалку 43 мртви во пожар во зграда во Дака

Date:

Во пожар во шесткатен трговски центар во главниот град на Бангладеш во текот на ноќта загинаа најмалку 43 лица, а десетици други беа повредени.

Пожарот започна доцна синоќа во ресторан на првиот кат од трговскиот центар во Дака. Генералниот директор на противпожарната служба и цивилната одбрана рече дека повеќе од десетина противпожарни единици биле распоредени за гаснење на огнената стихија.

Пожарникарите успеаа да спасат преживеани но и ги извлекоа телата на најмалку 43 жртви. Министерката за здравство Саманта Лал Сен рече дека билансот може да се зголеми бидејќи 18 лица се со тешки изгореници и повреди и во моментов се борат за живот во две државни болници.

Преживеан во несреќата раскажува дека за време на пожарот луѓето во стампеда бегале кон покривот на зградата за да се спасат.

Екипа на противпожарната единица утрото влегла во јагленосаната зграда за да види дали има уште тела, а вештаците за судска медицина почнале да бараат докази во истрагата за пожарот. Причината за пожарот за сега не е утврдена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Барса со победата над Реал до шампионскиот трофеј во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона се старо-новите шампиони на Шпанија. Каталонскиот...

Македонија ЃП и Работнички испаднаа од елитата

Во завршницата на сезоната во Првата македонска фудбалска лига,...