Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина, погодена станбена зграда

Date:

Најмалку 11 лица загинаа во новиот голем руски воздушен напад врз повеќе украински градови, додека десетици други се повредени. Нападите биле изведени со различни видови ракети и беспилотни летала.

Најтешко е погоден градот Прилуки во Черниговската област, каде што руски проектил погодил станбена зграда. Според досегашните информации, загинале најмалку пет лица, а 26 се повредени, меѓу кои и пет деца. Спасувачките екипи продолжуваат со пребарување на урнатините поради можноста под нив да има уште луѓе.

Напад бил извршен и врз Киев, како и врз Дњепар, Александрија, Запорожје и Кременчук. Во Киев, градските власти соопштиле дека две лица загинале во населбата Дарница.

Првите експлозии во украинската престолнина биле регистрирани околу 3:15 часот по локално време, откако украинското воено воздухопловство предупредило дека кон границата се приближуваат руски бомбардери Ту-95. Околу два часа подоцна бил регистриран и втор бран напади.

Според украинското воено воздухопловство, руските сили користеле балистички и крстосувачки ракети, противбродски ракети и беспилотни летала.

До 10 часот по киевско време биле соборени или неутрализирани со електронско војување пет балистички ракети, како и 39 од вкупно 48 крстосувачки ракети. Од 130 руски нападни дронови, биле соборени или неутрализирани 117.

Украинските власти пријавиле погодоци од ракети и дронови на 18 локации. Во Киев бил погоден објект во нестамбена зона во населбата Оболон, додека во Подил биле оштетени магацински објекти.

Во Дњепар биле оштетени пет станбени згради, а во Кременчук четири повеќекатници. Во овие напади загинале уште две лица, а осум биле повредени. Во Запорожје била оштетена сообраќајната инфраструктура.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги повика граѓаните сериозно да ги сфатат предупредувањата за воздушна опасност и да реагираат на алармите, наведувајќи дека според разузнавачките информации Русија подготвува голем напад врз Украина.

Нападот се случи на денот кога рускиот претседател Владимир Путин го одбележува својот 74. роденден.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...