Ви предлагаме рецепт за најкремливиот колач кој ќе ви одземе само 15 минути
Состојки:
За кората:
- 1 цело јајце
- 3 жолчки
- 3 лажици млака вода
- 3 лажици шеќер
- 1 лажиче прашок за печиво
- 2 лажици брашно
За кремот:
- 800 мл вода
- 3 кесички пудинг од ванила
- 200 г шеќер
За шлагот:
- 3 белки
- 5 лажици шеќер
За декорација:
- 300 мл слатка павлака или 2 кесички крем-шлаг
Приготвување:
Прво, пригответе ја кората. Одвојте 3 жолчки, па додајте цело јајце. Матете и постепено додавајте шеќер. Додајте вода, брашно и прашок за печиво. Сето тоа добро изматете го, префрлете го во калап и ставете го да се пече десетина минути на 200 степени.
За филот, сварете го пудингот. Изматете белки и додајте шеќер. Врелиот пудинг додавајте го во белките, лажица по лажица и матете. Сипете го филот преку кората.
Изматете шлаг или слатка павлака и премачкајте го колачот.



