Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел од повиканите веќе пристигнаа и му се ставија на располагање на селекторот Благоја Милевски, за октомвриските предизвици во Лигата на нации.


Има и непосакувани откажувања, Милевски ќе ги нема на располагање Александар Трајковски и Дарко Чурлинов.

Но, капитенот Енис Барди дојде насмеан, заменик капитенот Столе Димитриевски сериозно дотеран, а и сите останати се веќе во погон.

Првиот тренинг е закажан за 18 часот, а националниот тим утре патува за Рига.
Првиот натпревар од овој мини циклус е против Летонија на 10 октомври во Рига, а три дена подоцна нашиот национален тим ќе гостува кај Ерменија во Ереван.
