Највисоката камена кула во светот се наоѓа во Австралија и личи како да ги допира облаците

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Највисоката камена кула на светот изгледа како точка во Тасманското Море, помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток.

Оние кои успеале да ја видат не можат да останат рамнодушни пред нејзината височина. Со своите 562 метри се чини дека оваа кула наречена Болова пирамида, извира од големото сино море и ги допира облаците.

Речиси двојно поголема од Ајфеловата кула, се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност дел од изгаснат вулкан чиј врв останал над морето, а последен пат бил активен пред седум милиони години.

Оттогаш, птиците, рибите и другите морски суштества си играат околу неа, а таа го привлекува вниманието на морнарите, пилотите и планинарите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел таа огромна кула бил Хенри Бол, кој ја нарекол по себе. Хенри поминал покрај ова место во 1788 година со бродот Supply, носејќи доселеници на Норфолк.

Само неколку алпинисти успеале да се изборат со силните бранови за да се искачат на врвот на пирамидата. Но, тоа е само почетокот. Опасноста се должи пред сè на кревките карпи кои се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за алпинистите, а поради тоа е забрането и качување по пирамидата. Казната за непослушните планинари е 5000 американски долари или околу 4500 евра.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...