Најавени нови продолженија на „Господарот на прстените

Date:

Продуцентските куќи „Ворнер брос“ и „Њу лајн синема“ и „Ембрејсер груп“, шведската компанија за игри која ги поседува правата на повеќето од делата на Толкин, потпишаа договор за нови продолженија на „Господар на прстените“ и „Хобит“. Според договореното, се најавува снимање на повеќе филмови по книгите на писателот Џ. Р. Р. Толкин.
Вкупната вредност на новиот договор сѐ уште не е откриена.

Новите филмски раководители на „Ворнер брос“ – Мајк де Лука и Пем Абди стојат зад новиот повеќегодишен договор што навестува повеќе играни филмови.

– И покрај целиот обем и сета љубов спакувани во двете трилогии, огромниот, комплексен и блескав универзум отсонуван од Џ.Р.Р. Толкин останува во голема мера неистражен – соопштија тие.
Де Лука и Абди навестија и дека секој нов нареден филм нема нужно да го повторува она што го покриваа досегашните филмови на Питер Џексон.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...