Најавена хотел-кула „Трамп тауер“ на Голд Коуст во Австралија

Date:

 Развојот на хотелот кула „Трамп интернејшнл“ на Голд Коуст е мојата цел речиси 20 години, и тоа ќе биде највисоката зграда во Австралија пред крајот на оваа деценија – изјави извршниот директор на „Алтус“, Дејвид Јанг. – Со висина од 340 метри и 91 кат, ќе ја надмине зградата „Австралија 108“ во Мелбурн за 15 метри и ќе ги остави сите други австралиски одморалишта зад себе кога станува збор за луксуз… Изградбата на кулата во рамките на крајбрежните одморалишта Сурферс парадајс на Голд Коуст требаше да почне оваа година – додаде Јанг.

Австралискиот радиодифузер Еј-би-си“ (ABC) објави дека инвеститорите веќе имаат одобрение од надлежните власти за кула од 89 ката. Во тој контекст, заменик-градоначалникот Марк Хамел изјави дека дополнителните два ката на идната „Трамп тауер“ допрва ќе треба да се разгледуваат.

Според податоците, сепак, во истиот комплеск се планира друга зграда од 393 метри и 101 кат, што веројатно нема да ѝ дозволи на новата кула на брендот на претседателот на САД и бизнисмен, Доналд Трамп, да биде највисока во државата-континент. Јанг вели дека конечниот договор бил потпишан во февруари во имотот Мар-а-Лаго на Трамп во американската сојузна држава Флорида.

– Сега сме длабоко во процес на дизајнирање, инженерство, изградба и опремување што ќе чини малку помалку од 1,5 милијарди австралиски долари (милијарда американски долари / 850 милиони евра, з.п.) и ќе го донесе водечкиот светски бренд на хотели и одморалишта на нашите брегови. Тоа ќе биде австралиски, а не американски проект, и одлуките за мебелот ќе ги донесе подружницата на „Алтус“ во рамките на барањата за дизајн на Трамп, нагласи австралискиот инвеститор.

Јанг рече и дека, сепак, над влезната врата на зградата ќе стои натпис „Трамп“.  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...