[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Македонската фудбалска репрезентација денеска на гостински терен против Италија ќе го одигра претпоследниот натпревар во групата Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски со поразот од Украина (0-2) минатиот месец во Прага ги загубија шансите втор пат едноподруго да играат на континенталниот собир, но и покрај тоа нема да им недостасуваат мотиви за позитивен резултат во дуелот против актуелниот европски првак вечерва од 20:45 часот на Олимпискиот стадион во Рим.
Македонските фудбалери во првиот дуел против италијанската репрезентација во овој квалификациски циклус одиграа нерешено 1-1 во септември во Скопје, а последниот пат кога гостуваа во Италија дојдоа до сензационалната победа (1-0) во март лани во Палермо во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство 2022.

Со седум бодови од шест натпревари македонската репрезентација е четвртопласирана во групата Ц пред двата завршни дуели, вечерва против Италија и в понеделник во Скопје против лидерот во групата Англија, од која на гостувањето во Лондон во јуни претрпеа пораз од 0-7.[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]