Женската тениска репрезентација многу лесно со убедливи 3-0 во партии ја совлада селекцијата на Азербејџан на Били Џин Кинг купот што се игра во Скопје.
Противникот беше толку лесен што Македонија овој меч го играше без најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа.
Во првиот меч Александра Симева со 2-0 (6-1 и 6-1) за 50 минути ја совлада Улвија Сулејманова и донесе водство на Македонија од 1-0.
Вториот меч го доби Магдалена Стоилковска која без загубен гејм со 6-0 и 6-0 беше подобра од Лала Еивазова.
Гејм не загубивме ниту во дуелот во двојки, младите Ива Данева и Ана Митевска со 6-0 и 6-0 ги совладаа Лила Еивазова и Улвија Сулејманова. Мечот траеше само 31 минута.
Денес во третото коло Македонија ќе игра против првиот носител во нашата група, селекцијата на Финска.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]