Светската ракометна федерација (ИХФ) додели две „вајлд-карти“ за следниот Мундијал во женска сениорска конкуренција кој ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.
Репрезентациите на Австрија и Исланд добија специјални покани за настап на Светското првенство кое ќе се организира од 29 ноември до 17 декември 2023 година.
Потсетување дека најдобрата македонска репрезентација загуби двапати од Украина во мундијалскиот бараж.
Како што најавија од ИХФ, жрепката за групите на СП 2023 ќе се одржи на 6 јули. Во продолжение погледнете ги сите четири шешири пред жрепката:
1.шешир: Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија, Бразил, Германија
2. шешир: Словенија, Шпанија, Хрватска, Јужна Кореја, Унгарија, Романија, Полска, Чешка
3. шешир: Србија, Јапонија, Украина, Гренланд, Аргентина, Ангола, Кина, Камерун
4. шешир: Конго, Сенегал, Парагвај, Иран, Казахстан, Чиле, Австрија, Исланд