Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласираше на главниот турнир од Челенџер 125 серијата, кој се одржува во главниот град на Словачка, Братислава.
Ивановски во последната квалификациска рунда го совлада со 2-0 Мате Валкуж од Унгарија, по сетови 6-3 и 7-5. Мечот траеше 85 минути, а нашиот тенисер се покажа како подобар ривал и заслужено патува во главната фаза од силниот турнир.
Во првото коло од главниот турнир Ивановски ќе игра против искусниот Германец Петер Гојовчик (34 години, 392.место АТП), кој во финалните квалификации беше поуспешен од Акира Сантилан од Австралија со 2-0 во сетови (6-2, 6-2). Германецот Гојовчик воедно беше и победник на овој турнир во 2014 година.