Пред 4 месеци почина нашиот Воислав Војче Китаноски,роден на 11.фебруари 1955 година во питоресното село Крапа-Македонски брод за кого Др.Венко Андоновски,професор и писател давајки му несебична подршка за доделување на државно признание ке каже:

“Го познавам уште од Студентски збор,каде започнав да работам како новинар уште во студентските денови. Војче беше остар ум, афористичар, хуморист,сатиричар и имитатор-последново нешто е актерска способност која најмалку се среќава кај професионалните актери,а кај Војче беше spiritus movens на неговата широка тогашна медиумска популарност.

Војче е роден хуморист,а хуморот кај најголемите естетичари се смета за врв на интелегенцијата и на когнитивните способности:хуморот е зен,моментален проблесок во кој навидум различните нешта стануваат исти,а ние се смееме токму на таа невидлива сличност која хумористот ни ја открил.Тој често ни открива негативни карактерни особини,а притоа ние не го исмеваме тој којшто е предмет на смеата,туку се смееме на општочовечката слабост,која можеби и ние самите ја имаме.Се смееме и себеси,не само нему.

Затоа хуморот(и посебно имитациите)на Војче отсекогаш биле длабоко хумани, добронамерни,хумано-корективни и јас лично сум гледал како со искрена смеа реагирале на неговите имитации дури и јавни личности за кои сме сметале дека во животот не се насмеале.

Но Војче е доказ дека хуморот има длабока хумана основа и во една друга смисла:тој е подржувач,поттикнувач и реализатор на врвни добротворни манифестации (спектакли, изведби,концерти) за што има освоено и признанија од разни хумани и добротворни здруженија,како и од здруженија на социјално загрозени групации(на пример, Здружението за алцхајмерови нарушувања).

Војче е филантроп кој не може да даде баслосновни суми пари,но неограничено дава смеа,забава,песна,хумор. Војче е сврзан и со децата и детскиот хумор,нешто што за секој комичар а најтешка работа-како да се насмее дете,а да не се пречекори онаа тенка граница на воспитното и коректното во хуморот? Војче е и автор на четири книги сврзани со хуморот и сатирата(вицеви за деца и возрасни)а настапувал и на концерти со врвни југословенски звезди како аниматор,имитатор, забавувач,сценски универзален шоумен.Го знаат на просторите на цела некогашна СФРЈ,нешто што сега го именуваме како “регионов”.

Со еден збор кажано-овој шумарски инженер,кој можел да се занимава само со растенијата,својот живот несебично го сподели со луѓето.Убеден сум дека е способен да ги насмее и растенијата,но тој четири децении го прави со нас,луѓето,за да не се претвориме ние во растенија што вегетираат само со храна,вода и воздух.”

Почнувајки од раните студентски денови лоциран во студентска населба Стив Наумов во Автокоманда, преку феријалните каравани организирани од ферилците од Гази Баба,локалните и сојузни работни акции (Шамац-Сараево, Сава,Катланово),од настапи на сцените на културните домови ширум Македонија до елитниот Сава ценар во Белград, Војче се градеше како уметник со широк дијапазон на хумористично-сатиричен уметник наменет за сите возрасти.

Нашиот пријател Илијаз Искендер-Ике Ајк од Шведска споделува со нас моменти од другарувањето со Војче: Секој избира пријател според себе, неговите навики, сфаќања, мисли. Вистинското и искрено пријателство не познава љубомора, себичност и други емоции кои можат да донесат немир и раздор. Пријателската љубов е несебична, взаемна и никогаш не завршува, затоа што пријателот е тука за да те разбере кога никој друг не може и да те почитува и сака кога никој друг не се грижи.

Колку ли денови, месеци, години поминати во заедничко дружење со нашиот Војче и сите наши заеднички другари… Живеевме во едни безгрижни и преубави времиња, патувајки низ нашата бивша држава со феријалците, со акцијашите од општина Гази Баба… Дочекавме и испративме многу штафети на младоста полни со пораки… Градевме по целата наша бивша држава… Секаде беше присутен и Војче, кој со своите хумористички досетки ги забавуваше луѓето… Не можам, а да не се присетам на нашите долгочасовни разговори враќајки се пеш од пред Ванила кога се враќавме накај дома…Многу пати се потсетувавме на нашите разговори и случки од нашите феријални патувања и работни акции… Другар, патувај сега горе меѓу ѕвездите и забавувај ги сите оние наши мили, кои се горе на небото…

Многу луѓе минуваат низ животот на обичниот човек, но само вистинските пријатели оставаат трага во неговото срце. Вистинското пријателство е посилно од се. Цврстo е и неуништливo.

Вистинското и искрено пријателство е најдоброто нешто што може да се случи во нечиј живот.

Изминативе години Војче се посвети на обнова на акцијашкиот живот кај нас членувајки во здружението Акцијаши Скопје лоцирано како клуб пред Општина Гази Баба.За дружењето со Војче споделувам текст од Сашо Јовановски-своеврстен видео и фото архивар(како Евлија Челебија од минатото или Данило Коцевски)кој ги бележи сите активности на Војче како член на здружението.

“Ке ми остане во секавање средбата со Војче кога дојде во 1986 година во Претор заедно со неговиот пријател Мики Јевремовиќ во Студентското феријално одморалиште.Тоа лето Војче настапуваше по Охридските хотели па го памтам по раскажание многу вицеви,смеа,дружба,до раните утрински часови.

Во нашето здружение Акцијаши Скопје Војче беше од самиот почеток во 2013 година,беше водител на програмата за одбележување на 50 години од Скопскиот земјотрес,учевствувавме на мегународна акција ИПЕ КАМПЕКС, 2015 а во 2018та проектот за одбележување 55 години од скопскиот земјотрес и 75 години од изградбата на Мавровските електрани. маршот по врвиците на Шеснаесетата македонска ударна бригада по повоф 13ти ноември-денот на ослободувањето на Скопје.Во 2023 та го одбележавме 60 години од Скопскиот земјотрес со голема работна акција во студентската населба Стив Наумов со над 150 гости/акцијаши од Македонија и од поранешна Југославија,

Организиравме и комеморативна седница кога дознавме дека нашиот акцијаш и другар Војче починал,по што донесовме одлука нашиот клуб да го носи неговото име како и паркот на акцијашите да се вика Парк на пријатели Акцијаши Војче Китаноски.”

Војче ни недостасува на многумина-Здружението на естрадни уметници,на младите поколенија кои го негуваа детскиот хумор преку него,на постарата генерација која уживаше во имитациите на Оливер Млакар,Младен Делич,Зоран Михајлов,Милка Бабовик,Маршалот Јосип Броз Тито,Гоко Георгиев.
Ке остана во секавање настапите со Културно уметничките друштва,Македонската Радио Телевизија(емисите Каде,како,Што и Звон),патувањата во САД,Австралија и Европа,дружењето со бизнисмените кај Вршац во парк карши тенискиот клуб Југ,посета на Скопскиот и Белградски саеми на книгата,средбите со писателите Момо Капор,Венко Андоновски,Иван Карадак,пијанистот Иво Погорелик,
Ке го споменуваат и во Тв Сител,Телма,Канал 5, АлфаТВ каде многупати настапуваше во програми во живо,како и во дневните и периодични печатени и електронски медиуми.

Му остана нереализирана желбата за негово присаство како Маршал Тито во Москва на црвениот плоштад за време на одбележување на Денот на победата 9ти мај.

Остана во родната Крапа која многу ја сакаше,некаде високо во планината ке лебди неговиот лик,баш онаму каде се искачуваше за да фрли поглед кон прилепска котлина и манастирот Зрзе но беше со Моника-една и единствена пријателка како што милуваше да каже.

На 22 фебруари во салата Борис Трајковски ке се одржи годинешната Златна Бубамара на популарноста во организација на радио Буба Мара-се надевам дека ке се спомене нашиот и Ваш Војче Китаноски.

Зоран Трајковски