Националниот парк Шар Планина бара стопирање на градбата на две хидроелектрани

Date:

Приватни фирми и понатаму прават обиди да продолжат со градење на две мали хидроелектрани, иако тоа е против планот за управување со заштитеното подрачје, соопштија денеска на прес – конференција од Јавната установа Национален парк Шар Планина.

Вработените на терен стопирале геодетски работи предвидени за продолжување со градба на тие објекти, по што одржале состанок со претставниците на фирмите и дознале дека имаат договор со кој им се продолжил рокот за градење на хидроелектраните.

– Изготвен е Анекс на договорот со кој давателот на концесијата Министерството за животна средина и просторно планирање го продолжува рокот за концесионерски договори за користење на вода за производство на електрична енергија за малихидроцентрали Пена 84 и Пена 85 од 25.01.2023 до 25.11.2024 година. Понатаму, фирмата концесионер приложи и Решенија за изменување и продолжување на решението за стекнување на привремен статус за повластен производител од 25.01.2023 до 25.11.2024 година за Пена 84 и Пена 85. Ова решение за продолжување на рокот е потпишано на 15 јуни 2023 година од претседателот на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РМ и доставено до Гравис Хидро, Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Агенција за енергетика на и операторот на пазарот на електрична енергија и операторот на електродистрибутивниот систем. Ј.У.Н. П. Шар Планина воопшто не е известена за овие промени, изјави директорот на НП Шар Планина на прес-конференцијата.

Од Националниот парк изразуваат загриженост за нетранспарентноста при процесите кои се водат, а ги засегаат користењето на ресурсите, биолошката разновидност и локалното население на територија на паркот и целиот Полошки регион.

Од Националниот парк потсетуваат дека согласно нивниот План за управување со заштитеното подрачје за наредните 10 години, не е дозволена изградба на нови хидроцентрали на територијата на Националниот Парк. Во моментот во Националниот парк оперативни се 13 МХЕ, а една завршена сè уште не е оперативна.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...