Само една недела по изборот, Советот на јавни обвинители денеска ќе ја разгледа оставката на обвинителката Наташа Крстевска Цалева.
Според информациите, како причина за повлекување Крстевска Цалева го навела недоволното искуство.
Таа беше именувана за раководител на Вишото јавно обвинителство во Скопје на 10 февруари, по суспензијата на обвинителот Мустафа Хајрулахи.
Нејзиниот избор предизвика реакции, а Владата го оцени како незаконски.
Во меѓувреме, државниот обвинител Љупчо Коцевски покрена дисциплинска постапка против Хајрулахи поради наводен мобинг врз колеги. Хајрулахи тврди дека е жртва на политички притисок. На предлог на Коцевски, од функцијата е отстранет и неговиот заменик, Јове Цветановски.