Директорката на ОУ ,,Ј.Х.Песталоци” Катерина Атанасова, за хрватскиот весник Недељног, изјавила дека утрото кога Вања Ѓорчевска не дошла на настава, нејзината класна наставничка се јавила во домот да праша каде е девојчето.
Вања беше ученичка во 9 одделение, во клас од 26 ученици. Тоа утро на 27 ноември наставата почна во 8 часот и кога не дојде на настава, нејзината класна се јави кај мајката да ја извести за тоа, а после тоа е известена и полицијата, објаснила директорката Атанасова.
Во тој момент се појавила и класната на Вања, Цветанка, по завршувањето на часовите.
Тоа што се јавив е едноставно мој начин на работа. Едноставно кога видов дека ја нема на часот, се јавив да видам зошто ја нема, изјавила таа за весникот.
Таткото на Вања, како што зборувале соседите за медиумот, честопати бил во станот дури и по разводот и се грижел за децата.
Тој ја обожаваше, се грижеше за девојчињата и до нивната 10 година не работеше, така што таа приказна дека на киднаперите им дал информација, звучи просто неверојатно. Меѓутоа, еден ден откако таа исчезна, тој се распрашуваше дали камерите го снимиле автомобилот со кој е однесена, рекле станари од зградата за медиумот.
Во истата зграда простории во катастар се регистрирани на фирмата која ја изградила зградата а која била на Љупчо Палевски, Упа Ентерпрајз. ТВ 24 објави дека Вања била изнесена од подрумските простории од кои имал клуч Палевски.