НАСЛЕДНИЦИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ – ПЕРИОДОТ НА ДИЈАДОХИТЕ (26)

Date:

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО
СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА“ ОД АКАДЕМИК АНТОНИЈЕ ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН

Александровата смрт е опишана во „Дворскиот дневник“ кого го цитира Плутарх (Ц, Александар, 76). Во него се истакнува дека за големиот војсководец се одржани комеморации и му се укажани почести невидени дотогаш, со церемонии од македонските свештеници, неговата војска и претставници на целиот свет, во траење од триесет дена.


Желбата на покојникот била да биде погребан скромно ва Амоновата Оаза во Либија. Меѓутоа, еден од неговите наследници, идниот крал на Египет Птоломеј I, инсистирал неговите мошти да се пренесат во Мемфис, а потоа биле пренесени во прекрасната кралска гробница во кралскиот дел на Александрија. Со ова Птоломеј целел кон наследството на Александар, што од страна на Птоломеј II е претворено во величење и во државен култ на боженствената монархија на Птоломеј.


На државен план меѓутоа, ненадејната и трагична смрт на императорот, го поставила прашањето за наследник и за карактерот на власта. Пред смртта, кога го прашале Александар на кого му го остава кралството, тој одговорил „…на најдобриот меѓу најдобрите“.


По сите церемонии, македонската војска и нејзините претставници биле построени во Бабилон, на чело со нивните војсководци. На собирот на војската, решено е да биде двојно царство. Така, за кралеви се избрани малолетниот син на Филип II со Фелина од Лариса, младиот Аридај, како Филип III и идниот син на Александар со Роксана (што се случило три месеци подоцна), како Александар IV. Со оваа спогодба, сочувано е формалното единство на Македонската империја.


Истовремено е решено власта во Македонија и европскиот дел на Империјата да ја задржи Антипатар, додека во другиот дел да бидат две личности. Прв бил Пердика, кој потекнувал од кралското македонско семејство од Орестида-Костурско, односно заповедник на коњаницата „дружбеници“ и неофицијален „Голем везир“ (хилијарх). Тој бил поставен за командант на македонската војска надвор од татковината и претседател на владата.

Плутарх (Алекс. 15) изнесува интересна анегдота за односите меѓу Александар и Пердика. Кога пред тргнувањето во персискиот поход Александар им поделил богати подароци на своите пријатели, речиси сите кралски поседи, Пердика го прашал што ќе му остане нему, а Александар му одговорил: „Надежта“. На тоа Пердика одговорил дека и тие кога тргнуваат со него сакаат да учествуваат во тие надежи, па и тој го поделил својот имот во Орестида, а неговиот пример го следеле и други.


Втората личност бил Кратер од Линкестида, еден од најдобрите Александрови генерали, кој станал чувар на државниот трезор и регент на малолетните кралеви Филип III и Александар IV. Бил најомилен кај војниците, верен на прадедовските обичаи и останал прав Македонец. Умрел две години по смртта на Александар.


Меѓутоа, и покрај тоа работата станала тешка и за да не дојде до граѓанска војна, Пердика, како главен управител, надвор од европскиот дел на Империјата ја извршил следната поделба, меѓу генералите. Птоломеј го добил Египет, Леонат хелеспонтската Фригија, Антигон Монофталм Фригија, Памфилија и Ликија, Лисимах Тракија, Питон Медија, Лаомид Сирија, Евмен Кападокија и Пафлагонија итн. Ваквата поделба била прва манифестација на националистичкиот и сепаристички дух на наследниците, спротивно на големата Александрова идеја за единството на комонвелтот.
Тежнеењето на поедини владетели за самостојност и децентрализација од една страна и недостаток на доволни политички и економски предуслови заради хетерогеноста од друга страна, довело до антагонизам, меѓусебни сојузи, конфликти и до граѓанска војна. Непосредното посталександрово време означено е како период на „наследниците или дијадохите“, со траење од 323-281 и период на „следбениците“ или „епигоните“ од 281-221 п.н.е.


Во антагонизмот меѓу династиите значајна била улогата на жените од македонскиот двор. Пред сè, доминантно место заземала Александровата мајка Олимпија, ќерка на кралот Неоптолен од Молосија. Следат, жената на Александар Роксана, Аридаевата жена Евридика, роднината на Пердика и сестра на Александар, Клеопатра.


Во меѓудинастиските борби кај Ипса (Sipsin-Karahisar), силите на противниците биле изедначени. Во оваа борба загинал еден од најзначајните Александрови соработници, Антигон Монофталм (август 301 п.н.е.), а со него е погребана идеја на Александар за „единствена држава“. Во оваа сурова граѓанска војна страдала и мајката на Александар, Олимпија (316), неговата жена Роксана и синот Александар IV (309) и Евридика со Филип III.

Конечно, во 275 година п.н.е., по смртта на непосредните Александрови соработници: Птоломеј I, Селевк, Антигон, Монофталм, Лисимах и други, дошло до поделба на Александровата империја во три водечки македонски кралства: Балкан, Египет и Азија.


Стручната литература за македонистичките држави многу добро е обработена и позната, посебно по откривањето на египетските папируси, трудовите на Поливиј, Плутарх и многу други, посебно современите автори (Рановиќ, 1983, Папазоглу, 1995 и други).


Во неа опширно се изнесуваат историски податоци, општествените и економските односи, религијата, духовниот живот и развојот на науката во овие македонски држави во III, II и I век п.н.е., до римската окупација. Бидејќи овие податоци се надвор од целите на овие тековни анализи, но и заради обемноста на материјата, ситуацијата во македонската историја по смртта на Александар, односно во македонските кралства на Балканот, Египет и Азија, ќе биде изнесено накратко.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...