Кога би купиле фустан којшто чини помалку од еден ручек во ресторан, би можеле да констатираме дека тоа е многу рационално купување, но не и во случај на оваа капетан на брод која за ручек платила 616 евра.
Капетанката по име Кејт, на ТикТок со следбениците го споделила своето искуство, но и животната лекција која ја научила откако доживеала вистински шок кога и стигнала сметката во ресторанот каде јадела луксузна риба од 616 евра.
„Купив фустан на Миконос и тој фустан беше поевтин од рибата која ја јадев за ручек вчера. На прв впечаток се чини дека тоа е поприлично рационално купување, но кога ви кажувам дека рибата која ја јадев за ручек вчера чинеше 616 евра…“, раскажала Кејт во видеото и додала дека немала поим дека толку може да ја чини.
„Дали знаев дека чини 616 евра? Не, затоа што не го видов менито, се водев по препорака и тоа беше мојата прва грешка затоа што тие луѓе се многу прекрасни и љубезни, храната е превкусна, друштвото беше добро, искуството, па не би прашала колку чини затоа што не сум пораснала на такви места“, раскажала Кејт која од очај иронично се пошегувала на своја сметка.
„Морам да кажам дека рибата беше превкусна и дека одлучив таа да има име затоа што кога чини толку многу и ги задоволува луѓето, заслужува име и ја нареков „златна“, најмногу поради тоа што можете буквално да си купите злато за таа цена“, изјавила Кејт и додала дека оваа приказна не ја споделила за да се фали туку за да ги предупреди другите луѓе.
„И, ова не е мое фалење, ова е мое предупредување дека доколку одите на некое место кое не ви е познато и нема цени во менито, не е срамота да прашате колку чини. Тоа ми ги отвори очите“, заклучила таа.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]