Инфлуенсерката Ванеса Мур, имала бизарна изјава дека мирисот на нејзината пот делувал како афродизијак за спротивниот пол, па дел искористила за да го создаде парфемот кој сега е во продажба.

Таа всушност тврдела дека го создала овој парфем за да им помогне на другите девојки: „Мојот мирис на телото ги привлекува мажите, па затоа и направив парфем од сопствената пот“, изјавила инфлуенсерката.

Ванеса го привлекла вниманието на своите следбеници, откако во продажба лансирала парфем кој содржи нејзини капки пот. Мур (29), тврдела дека овој необичен парфем е совршен трик за секоја девојка којашто сака да го привлече мажот кој ѝ се допаѓа.

Инфлуенсерката, која имала повеќе од милион и пол следбеници на „Инстаграм“, го развила овој мирис во 2021 година, откако решила да создаде производ кој би им помогнал на луѓето во нивните љубовни односи.