По објавен статус на д-р Ненад Лазаров на Фејсбук во кој наведува дека од гликемија 19 не се умира акутно, повеќе негови колеги се впуштија во претпостави за тоа што можело да предиузвика смрт кај малата јана која завчера за само четири часа откако била примена на детското одделение во Клиничка болница Битола, почина.

Дел од коментарите се дека најверојатно се направени низа пропусти, а некои од колегите на д-р Лазаров претпоставуваат дека настанале компликации кои за 6-годишната Јана беа фатални.

Докторка од Кратово во еден од коментарите пишува:

-Зависи како е третирана хипергликемијата колега… до сега шпекулациите се дека е дадена гликоза, па даден инсулин, без готов електролитен статус, ацидобазен статус… брзо настапил кардиак арест штом анестезиолози правеле реанимација…

Во коментар на друга докторка се наведува

– Не се умира од гликемија, но се умира од кетоацидоза. Тешка загуба за родителите, но компликација на хипергликемија во детска возраст, акутна состојба каде се јавува и инсулинска резистенција има ваква компликација.

Во нивната меѓусебна дискусија, д-р Лазаро вели дека секако не смее да се брза со закчучоци на ваква трагедија и да се симплифицира, но пишува дека прво што помислил е дека можеби станува збор за дијабетски хиперосмоларен синдром.

Во објаснувањето на лекарите тоа се ургентни состојби во детската возраст кои може да завршат со егзитус, однопсно смрт.

Инаку, денеска се врши вонреден инспекциски надзор во болницата од страна на ДСЗИ, а директорот Александар Обедниковски беше на состанок во Министерството за здравство.