Писмо од обвинителството за организиран криминал 20 минути пред почетокот го одложи судењето за Таргет Тврдина за масовното прислушување. Обвинителите во дописот побараа уште време за да анализираат како измените на КЗ ќе влијаат врз предметот. Адвокатот на екс шефот на УБК Мијалков, револтирано побара од судијата да им се јави да дојдат или да ги казни, затоа што веќе три судења и еден месец по измените на КЗ не доаѓаат со образложение дека треба да изградат став.
Судијата Илија Трпков ќе испрати предупредувачко писмо до обвинителството дека ако на 17 октомври за 5 дена не дојде никој во судница ќе преземе мерки согласно ЗКП. Без присуство на обвинител не може да се одржи судење но и без прдлог од таму не може да донесе пресуда одговори судијата на забелешките на адвокатите дека одбраната и обвинителстовто немаат еднакви права пред судот.
Иако имаше и поинакви правни анализи во јавноста за овој најбитен предмет на СЈО, според одбраната гонењето е застарено за сите освен за делото фалсификување исправа за Тони Јакимовски. Шврговски тврди дека нема простор да се прави преквалификација поради промените во новиот член 353. Како пример го наведува ставот 1 е во кој повеќе го нема зборот искористување на службента положба туку остануваат само пречекорување и неизвршување
Претходно од обвинителството побара време за да донесе став и за предметот Трезор уште еден предме каде мегу обвинетите е и ексдиректорот на УБК Мијалков.
Напнато во судењето Таргет Tврдина- адвокатите лути, бараат судот да ги казни обвинителите
Date: