Основниот кривичен суд го прогласи за виновен Сулејман Љамалари за кривично дело насилство и му одреди казна затвор од 2 години.
Судијката посочи дека предсудата е донесена затоа што застапникот на обвинението надвор од секакво разумно сомневање докажал дека било сторено кривичното дело. Судијката кажа дека делото е извршено врз фукционер при вршење на својата фукција, во присуство на повеќе службеници од Градот Скопје, со што бил извршен директен атак врз државна институција и е недозволиво. Дополнително кажа и дека обвинетиот користел физичка надмоќ врз градоначалничката Данела Арсовска со оглед на тоа што таа била жена, а тој како маж бил физички посилен од неа.



