Нападнатиот во струшко е копретседател на бугарски клуб во Македонија, се огласи и бугарското МНР

Date:

Вчера напладне жител на селото Лабуништа беше физички нападнат од лице од селото Велешта, струшко.

Според последните информации, нападнатиот е Бекир Кадриески, копретседател на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“.

Во Струга е испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадина, велат од бугарското МНР.

Бекир Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил претепан од непознато лице во градот Струга и бил навредуван со зборовите „валкан Бугарин“.

Како што пишува бугарскиот портал, Кадриески е државјанин на Република Македонија, и иако  не поседува бугарски пасош, неговиот став е дека има бугарски идентитет.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...