Наоми Кемпбел ја откри вистината за мајчинството: И двете деца ги доби во педесеттите години

Date:

Британската манекенка Наоми Кемпбел (54) претпочита да не споделува детали за нејзиното семејство, но во една прилика, во интервју за „Пејџ сикс“, проговори за нејзините деца, чии имиња сè уште не ги споделила со јавноста.

Таа го доби своето прво дете, поточно ќерка, во мај 2021 година, а второто дете, кое ѝ е синче, го доби во јуни годинава. Многу медиуми шпекулираа дали таа ги посвоила децата или ги добила преку сурогат мајчинство, но сега конечно откри дека е биолошки родител на нејзините деца, што значи дека сепак се одлучила за сурогат мајчинство.

Исто така, иако многумина веќе знаат, Кемпбел е самохрана мајка и на сите жени кои не сакаат да имаат деца им порача дека во одреден момент ќе се премислат.

„На многу девојки кои велат дека можеби не сакаат да имаат деца, им реков: ‘Ќе се предомислиш’. Ќе сакаш да станеш мајка. Разбирам дека е тешко од финансиски аспект. Но, мајка ми немаше ништо и успеа. Навистина вреди“, изјави таа.

Дека навистина е поддржувач на својот став, потврдува и нејзината објава на Инстаграм, кога под фотографијата на нејзината ќерка напишала дека е „прекрасен мал благослов кој ја избрал за мајка“, и дека „тоа е привилегија за неа затоа што нема поголема љубов“.

Таа ги потврди своите зборови и кога добила син, велејќи дека тој е „дар од Бога“ и дека „никогаш не е доцна да се стане мајка“.

„Се надевам на подобар свет за моите деца. Тие ми се приоритет 100 проценти. Повеќе им верувам на моите деца да ја направат вистинската работа отколку ние возрасните“, заклучила таа за „Пејџ сикс“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Киргиос не запира: Пристигна барање на кое брутално одговори

Австралискиот тенисер Ник Киргиос по којзнае кој пат го...

Најдобрите македонски фудбалери се пак на собир и во мисија да ги победат Летонија и Ерменија на гости

Најдобрите македонски фудбалери се повторно на собир. Најголемиот дел...

Дончиќ погоди луд кош и си доби – 100.000 долари!

Често пати досега Лука Дончиќ на тренинзите и загревањата...